Дејан Кулушевски се сели во редовите на италијанскиот гигант и шампион Јувентус, а ќе потпише петиполгодишен договор за вкупна сума од 45 милиони евра.
Фудбалерот на Аталанта, кој настапува за Парма како позајмен играч треба да ги мине медицинските прегледи во Торино, а се очекува формалноста да се заврши веднаш по Нова година, на 2., или 3. јануари.
Платата ќе му биде 2,5 милиони евра плус бонуси, а Јувентус ќе и плати на Аталанта 35 милиони евра отштета, плус бонуси кои можат да достигнат до 10 милиони евра.
Кулушевски сезонава игра фантастично и е втор стрелец на Парма со 4 гола, и е втор асистент во Калчото со 7 прецизни додавања за гол, само зад Луис Алберто од Лацио, кој има 11 асистенции.
Кулушевски има 19 години и потекнува од Македонија, но веќе играше за родната земја Шведска и нема можност да настапува за нашата репрезентација.