Вулканизерот или керамичарот – кој ќе победи во лудото финале на Светското првенство

Првиот ден од Новата 2020 година ни носи и финале на Светско првенство и тоа во пикадо. Повеќе од 10.000 луѓе ќе има во  театарот „Александра палас“ во Лондон, каде двајца мајстори на оваа игра ќе се борат за светскиот трон и наградата од 500.000 фунти.

Холанѓанецот Мајкл ван Гервен ја има фаворитската улога, но Шкотот Питер Рајт е миленик на публиката. Двајцата финалисти имаат интересна биографија и се вистински шоумени во овој спорт. Ван Гервен има само 30 години, но веќе го има приматот на еден од најдобрите во историјата. Уште како дете го забележале неговиот талент за пикадо, па од фудбалскиот терен, каде тренирал во школата на ПСВ се преселил на вежбање пикаго.

Пред да започне со професионално играње пикадо, Холанѓанецот има работено и како изработувач на керамички плочки. Во дел од весниците излезе информација дека тој во минатото ставал плочки во купатилото на прославениот фудбалер Денис Беркамп, но подоцна оваа информација беше демантирана.

Ван Гервин е машина за освојување титули. Досега има неверојатни 54 трофеи во 71 финалиња. Три пати бил светски првак што значи дека сега е пред предизвикот по четврти пат да биде планетарен владетел во пикаго.

Ако за Ван Гервен може да се каже дека е роден победник, тогаш сосема спротивното важи за неговиот ривал. Шкотот Питер Рајт е човекот кој загубил на 19 од 23-те финалиња во кои играл. Човекот кој пред да започне сериозно да игра пикадо, претходно има работено како вулканизер.

Рајт сега е миленик на публиката, а е познат по тетоважата на главата на која има слика од змија со широко отворена уста, никогаш не се појавува двапати со иста боја на коса.

 

- Оглас -

Најнови вести