Давид Вилја утрово го одигра последниот натпревар во неговата кариера, а со Висел Кобе го освои јапонскиот куп. Неговиот тим славеше со 2-0 во финалето против Кашима, додека последните минути од средбата беа наменети за Вилја.
Рекордерот по број на погодоци за Шпанија го освои 15-от трофеј во кариерата, прв со јапонскиот тим каде што заедно до денес играше со колегите од Барселона, легендата Андрес Иниеста и Серхи Сампер.
Вилја кариерата ја заврши со повеќе 640 настапи за Реал Сарагоса, Спортинг Хихон, Валенсија, Барселона, Атлетико Мадрид, Њујорк сити, Мелбурн сити и Висел Кобе, за кои постигна вкупно 325 погодоци.