Кулушевски пристигна во Торино, утре ќе има медицински тестови (Видео)

Дејан Кулушевски пристигна во Торино, каде што утре изутрина ќе треба да ги мине медицинските тестови и да потпише договор со шампионот Јувентус.

Работата е веќе завршена и останува само формалност, а 19-годишниот играч со македонски корени ќе биде нов член на Старата дама со потпис на пет и полгодишен договор.

https://twitter.com/LoreBetto/status/1212475630236901377?s=20

Јувентус ќе ѝ плати на Аталанта 35 милиони евра, а предвидено е да има и бонуси од 10 милиони евра, додека за Кулушевски е договорена годишна плата од 2,5 милиони евра, плус бонуси.

Дејан игра одлично сезонава и за Парма, каде што настапува како позајмен играч од Аталанта, и веќе постигна 4 гола и е втор асистент во Серија А со 7 прецизни додавања за голови што ги постигнуваа неговите соиграчи.

- Оглас -

Најнови вести