Ја шокира НБА со неочекувано збогум за да биде Јеховин сведок, сега моли за камбек

Дарен Колисон лани на шокантен начин објави дека ја прекинува кариерата и нема повеќе да игра во НБА-лигата одбивајќи речиси сигурен договор со плата од 20 милиони долари по сезона и продолжи како Јеховин сведок со цел, како што изјави, да им помага на луѓето.

Само по шест месеци се пишмани и сега сака да се врати во НБА-лигата. И изборот му е ни помалку, ни повеќе, туку или Лос Анџелес лејкерс или нивниот голем ривал Клиперс.

Колисон има 32 години и веќе играше за Л.А. клиперс во сезоната 2013/14, а настапуваше во НБА за уште четири клубови. Како дебитант во Њу Орлеанс во сезоната 2009/10 беше избран во идеалната руки петорка на најсилната баскет лига на светот.

Лани стана слободен агент, но според квалитетот што го има, можеше да потпише договор со Индијана пејсерс или со друга екипа за сума од 20 милиони долари по сезона. Сега ќе се обиде да се врати, а прва шанса му е мини-преодниот рок во февруари.

 

- Оглас -

Најнови вести