Спакувано во две минути – Еве зошто Јувентус го купи Кулушевски (Видео)

Дејан Кулушевски е нов член на Јувентус, потпиша договор до 2024 година според кој ќе заработува по 2,5 милиони евра по сезона, плус бонуси, а ако и имаше дилеми зошто Старата дама плати 35 милиони евра за 19-годишниот Швеѓанец со македонски корени, погледнете го видеото спакувано во две минути и сè ќе биде појасно.

Кулушевски е еден од најперспективните млади играчи во Калчото, а буквално блескаше во полусезоната што ја одигра како играч на Парма, на позајмица од Аталанта.

Клубот од Бергамо ќе инкасира 35 милиони евра, плус бонуси кои можат да достигнат и сума од 10 милиони евра, а Дејан го оствари сонот да биде член на светски фудбалски гигант. Тие што ги следеле неговите игри знаат за каков талент се работи, а за да немате уште дилеми, тука е и податокот дека Кулушевски моментно е втор најдобар асистент во Серија А со 7 прецизни додавања за гол на соиграчите, само зад Луис Алберто од Лацио, кој има 11 асистенции.

Погледнете го видеоматеријалот.

https://twitter.com/Juve_Centric/status/1212723520591007745?s=20

- Оглас -

Најнови вести