Ваљадолид и Леганес со реми 2:2 ја најавија Новата година во шпанското првенство. Ла Лига почна со одличен меч на две екипи кои се борат за опстанок, а гостите на двапати прокоцкаа предност.
Со голот на Брајтвајт во четвртата минута избраниците на Хавиер Агире поведоа со 1:0, но многу брзо со голот на Енес Унал во осмата минута Ваљадолид израмни на 1:1.
Гол-шоуто продолжи со погодокот на Меса во 13. минута, а Леганес со предност од 2:1 замина на пауза по првото полувреме.
Во прдолжението спалса темпото и на гол се чекаше до 79. минута. Повторно Унал беше прецизен, овојпат со прекрасен удар со глава за конечни 2:2.
Ова беше премиерниот меч во Ла Лига за 2020 година и прво реми на меѓусебните дуели на овие две екипи по пауза од пет години.
Ваљадолид по 19 одиграни натпревари е на 14. место со 21 бод, а Леганес има 14 бода на претпоследната позиција.