Атлетик Билбао успеа конечно да го заврши 7-годишниот пост на „Рамон Санчес Писхуан“ во мечевите од Ла Лига и ремизираше 1:1 против Севилја.
Последен пат гостите од Билбао се радуваа на реми во 2013 година, а вечерва имаа и предност од 1:0, но не успеаја да победат.
Андер Капа погоди во 15. минута, а Атлетик одолеваше на притисокот на Севилја до 60. минута кога Унаи Нуњес си постигна автогол.
Домаќините притискаа за нов гол, што ќе беше и победнички, но гостите успеаја да се одбранат и да освојат еден бод.
Интересно е што и премиерниот меч, денеска од Новата година заврши нерешено, а Ваљадолид и Леганес одиграа 2:2.
Севилја останува на третото место со 35 бода и меч повеќе од водечкото дуо, Барселона со 39 и Реал Мадрид со 37 бодови.
Атлетик е на седмата позиција со 29 бодови.