Костас Слукас постигна кош од половина терен за Фенербахче против Олимпијакос, но и тоа не беше доволно неговиот неверојатен потег да биде број 1 на Топ-10 листата со најатрактивни моменти во 17. коло од Евролигата.
На врвот е Торнике Шенгелија со забивањето на дуелот меѓу неговата Басконија и Барселона. Тимот од Виторија го изненади фаворитот и ја порази Барса, а Грузиецот го има и најдобриот потег на колото и е единствен во Топ-10 со два атрактивни потези.
Со блокади се истакнаа Салах Межри, Зак Ледеј и Мајкл Ерик, но забивањето на Шенгелија е број 1 во изборот на луѓето што ја водат Евролигата.
Погледнете ги најдобрите 10 потези од 17. коло.