Јунајтед нуди 45 милиони фунти плус Лингард за опасната „лисица“

Манчестер јунајтед го одреди Џејмс Медисон од Лестер како примарна цел во зимскиот преоден рок. Црвените ѓаволи наводно веќе испратиле прва понуда до таборот на Лисиците која гласи 45 милиони фунти, плус Џеси Лингард.

Солскјер ќе дозволи заминување на англискиот репрезентативец во замена за друг, бидејќи Лингард нема никаков придонес за екипата. Цела 2019 година ја заврши без гол и асистенција, па затоа дојде време за Јунајтед да побара подобар плејмејкер.

Медисон игра одлично под палката на Брендан Роџерс, за Лестер ги одигра сите 20 меча во Премиер лигата сезонава на кои постигна шест, а намести три гола. Тој е еден од клучните играчи на шампионот од 2016 година, а пред само една и пол година го купија за околу 22 милиони фунти од Норвич.

Неговата цена непрекинато расте по секој натпревар за Лисиците, а дали оваа понува од Јунајтед е доволна, ќе се дознае за брзо.

- Оглас -

Најнови вести