Лино Червар опасно се посрамоти и предизвика шок во ракометниот свет со непримерните зборови на еден од тајм-аутите, навредувајќи ги противниците од Катар на расна основа.
„Престанете да играте сељачки. Овие црнци играат помудро од Вас“, беа зборовите на Червар упатени за репрезентативците на Хрватска.
Целиот говор на тајм-аутот на Червар погледнете го и слушнете го ОВДЕ.
Лино е познат како темпераментен тренер и селектор, но ова е премногу за еден од најценетите ракоетни стручњаци.
Дали ќе реагира Хрватскиот сојуз ќе видиме, но вакво нешто заслужува драстична казна. Хрватите го победија Катар со 33:28 во последниот подготвителен меч пред настапот на Европското првенство.