Нема место на трибините, па илјадници навивачи гледаа од околното ридче (Фото)

Навивачите низ целиот свет на разни начини покажуваат колку многу го сакаат фудбалот, па така и од Етиопија има фотографии на кои се гледа дека фановите не бираат начин како да се вклучат во следењето на натпреварот, а да не се седнати на трибините на стадионот кој има премал капацитет кога интересот е голем.

Во градот Годнара кој е на надморска височина од 2.133 метри се играше градското дерби помеѓу Фасил Кенем и Бахир Дер Кенем, а Фасил победи со 3-0, но локалниот стадион кој собира 20.000 луѓе, не можеше да ги прими сите кои сакаа да го гледаат мечот од блиску. Оние што беа вишок, немаа друга варијанта освен да се кажат на околниот рид, и од таму, колку-толку да ги следат случувањата на натпреварот.

 

- Оглас -

Најнови вести