Интер ќе се бори против Наполи, но и против традицијата

Наполи – Интер (Фудбал, Италија, 20.45 часот)

Ова е голем предизвик за Интер и веројатно дерби на колото. Гатузо како поранешен играч на Милан, нема да има проблем да го мотивира своите играчи за дуел против Интер. Навивачите на Наполи се 12-тиот играч на тимот, во минатата сезона големо влијание имаше и домашниот терен (4-1). Од последните четири меѓусебни дуели на овие тимови, двапати беше нерешено, но во Неапол, Интер не се сеќава кога последен пат славел во лигашки меч.

Предлог тип: 3+ (1.78)

 

Арсенал – Лидс (Фудбал, Англија ФА куп, 20.56 часот)

Дуелот од третото коло на ФА купот е шанса за Арсенал да ја воигра екипата и да извојува победа. Но, Лидс нема да биде лесен залак, и Топчиите веројатно ќе треба добро да се помачат за да го елиминираат противникот кој се бори за влез во Премиерлигата и има одличен тренер, многу поискусен од тој на Арсенал. Лидс од 2003 не победил против Арсенал, а овие тимови не играле меѓусебе од 2012 година.

Предлог тип: 1 & 3-5 (2.38)

 

Милан – Сампдорија (Фудбал, Италија, 15.00 часот)

Милан се мачи, игра променливо, но денеска против гостите од Џенова на располагање ќе го има и „икс факторот“ Златан Ибрахимовиќ. Редно е на Милан да му тргне, иако притисокот врз нив е голем. Сампдорија има три порази на последните четири меча. Според традицијата, домашниот терен е голема предност кога играат овие два тима. Тимот во улога на домаќин добил четири од последните пет соочувања.

Предлог тип: 1 (1.65)

 

Јувентус – Калјари (Фудбал, Италија, 15.00 часот)

Јувентус треба да си ја одработи домашната задача и да чека кикс на Интер, за Бјанконерите да се вратат на првото место. За разликата во квалитет не треба да се зборува, Јуве е фаворит, иако Калјари е пријатно изненадување сезонава. Сепак, на гостувањето во Торино, на тимот од Сардинија и бод би му бил премија. Од 2009 наваму, Јуве редовно го победува Калјари, а на последните три домашни меча со овој противник, Старата дама даваше барем три гола.

Предлог тип: 1 & 3+ (1.70)

 

Аталанта – Парма (Фудбал, Италија, 15.00 часот)

Аталанта е во добра форма, имаше три победи на последните четири меча во 2019 година и ќе сака тој позитивен тренд да го продолжи и против Парма. И Парма е во добро расположение, имаше две победи и реми во претходните три кола. Адут на гостите е Кулушевски кој веќе не е член на Аталанта, и против „своите“ ќе сака да покаже дека заслужува да биде играч на Јувентус. Тимот од Бергамо од 2014 година не знае за пораз од Парма, а тогаш загуби со 0-4.

Предлог тип: 1 & 0-3 (2.40)

 

Квоти на денот во обложувалниците Sport Life се:

Милан – Сампдорија 1Х & ГГ (2.30)

Јувентус – Калјари 1 & Т1 3+ (2.20)

Наполи – Интер ГГ прво/второ (2.15)

 

- Оглас -

Најнови вести