Давид Кубацки е освојувач на турнејата „Четири скокалници“ за оваа година, откако титулата ја завери со првата победа во Бишофсхофен во Австрија. Претходно беше втор и двапати трети, а по денешниот настап Кубацки заврши со вкупно 1131,6 поени.
Кубацки во првата серија оствари скок од 143 метри за што доби 151,6 поени, потоа достигна 140,5 метри и доби 149,3 поени. Карл Гајгер се избори за второто место, трет заврши Норвежанецот Мариус Лундвик, додека ланскиот победник Рјоју Кобајаши застана на четвртото место.
Инаку Кубацки е само трет Полјак кој успева да ја освои популарната турнеја по Адам Малиш и Камил Штох.
https://twitter.com/vier_schanzen/status/1214248102955278337