Јувентус важи за најголем бренд меѓу италијанските клубови, што е сосема заслужено ако се земе во предвид нивната доминација низ годините. Триесет и петкраниот италијански шампион долго време нема остварено успех во Европа, но сепак важи за великан, но Старата дама има една изненадувачка статистика проти еден англиски третолигаш.
Свиндон таун е единствениот клуб кој има перфектен учинок против Јувентус. Во два меча, Свиндон оствари две победи од 4-0 и 1-0 во далечната 1970 година. Тие средби се одиграле во рамки од Англо-италијанскиот куп, кој денес се смета за меморијален турнир.
Третолигашот најверојатно е единствен клуб кој нема претрпено пораз од Јувентус, овој учинок е редок успех со кој може да се пофалат, иако датира од пред половина век.