Поранешниот фудбалер на Ливерпул Џермејн Пенант, раскажа интересна приказна која многу влијаела врз неговата кариера. Во 2009 година, Пенант наводно имал понуда од Реал Мадрид и трансферот требало да изнесува околу четири милиони евра, меѓутоа тогашниот тренер Хуанде Рамос реагирал и го стопирал ангажманот.
Напоредно интерес покажа и тогашниот прволигаш Портсмут, па Пенант заврши на позајмица и запиша само 13 настапи на кои не постигна ниту еден гол. Неславно се прости од Портсмут, договорот со Ливерпул му истече, но сепак ја искористи приликата да игра во Шпанија во дресот на Реал Сарагоса.
„Во мојата последна година од договорот со Ливерпул, претставници од Реал Мадрид имаа состанок со мојот агент и се постигна договор да потпишам за нив. Трансферот ќе беше околу четири милиони евра, меѓутоа за овој ангажман не беше информиран тренерот Хуанде Рамос. Тој го стопираше ангажманот, па наместо во Мадрид заврши во Портсмут, драстична разлика, нели?“, истакна Пенант.
Една година подоцна Англичанецот ги проба шпанските терени играјќи за Сарагоса, а посочи дека таму се чувствувал како ѕвезда бидејќи при претставувањето го пречекале околу 2.000 фанови на клубот.
„Бев шокиран, навивачите на Сарагоса навистина се радуваа што ќе играм за нивниот клуб. Топло ме пречекаа, се чувствував како голема ѕвезда“, додаде Пенант.