Гвардиола: Попрво ќе станам голфер отколку да ги водам Јунајтед и Реал

Вечерва се игра првиот дуел од полуфиналниот двомеч меѓу Манчестер сити и Манчестер јунајтед во полуфиналето од Лига купот на Англија. Црвените ѓаволи се домаќини и имаат прилика со евентуален добар резултат со една нога да се најдат во финалето, но избраниците на Оле Гунат Солскјер ќе треба да одиграат на високо ниво за да го елиминираат актуелниот бранител на трофејот.

Во пресрет на градското дерби, Пеп Гвардиола убаво се изјасни дали во иднина би го предводел лутиот ривал на Граѓаните.

„Моментално сум тренер на Сити, што значи дека во иднина нема шанси да го преземам Јунајтед. Истиот став го имам и за Реал Мадрид, никогаш не би бил тренер на најголемиот ривал на Барселона. Дефинитивно никогаш. Ако немам понуди, подобро ќе одам на Малдивите. Добро, можеби не на Малдивите бидејќи таму нема голф терени“, истакна Гвардиола.

Шпанецот помина 11 години како играч на Барселона, а потоа ги предводеше Каталонците и оствари големи успеси како на домашната, така и на европската сцена. Сити го предводи во својата четврта сезона, а договорот му важи до јуни 2021 година.

- Оглас -

Најнови вести