Марсело слави годишнина: 13 кралски години

Бекот на Реал Мадрид Марсело, денес слави 13 години од своето деби во кралскиот дрес. На 7 јануари 2007 година Марсело за првпат истрча на терените како играч на Реал, во дуелот против Дерпотиво Ла Коруња го замени Мичел Салгадо.

Точно 13 години подоцна, Марсело е легенда на Кралевите. Израсна во еден од најдобрите леви бекови во Европа, па и светот, а од оваа сезона е и заменик капитен на екипата. Бразилецот досега запиша 496 настапи во сите натпреварувања, за брзо ќе влезе во елитното друштво од само 12 фудбалери кои одиграле 500 или повеќе меча за Кралевите.

Сè што можеше да се освои Марсело го има во својата колекција од трофеи и тоа неколкукратно. По четири титули во Ла Лига и Лигата на шампионите, четири титули од Светското клупско првенство, по три трофеи од европскиот Суперкуп и шпанскиот Суперкуп, додека уште два пехари брои од Копа Дел Реј.

Триесет и едногодишниот Марсело има солидна статистика статистика за еден бек, но тоа е сосема нормално знаејќи со какви напаѓачки квалитети располага. За Реал вкупно постигна 36 погодоци, додека намести 94.

- Оглас -

Најнови вести