Македонската ракометна репрезентација заедно го прослави големиот христијански празник Божиќ. Експедицијата која ги врши последните подготовки пред Европското првенство во Виена, попладнево ја посети црквата „Свети Климент Охридски“ во Љубљана, а потоа беше организиран и Божиќен ручек.