Лејкерси ноќеска ја остварија шестата последователна победа и со 117:87 го надиграа тимот на Њујорк никс во мечот во кој лидер беше кој друг ако не Леброн Џејмс.
Кралот ја заврши средбата како најефикасен со 31 поен и по пет скока и асистенции, а запиша и две украдени топки во статистиката. Со нив Џејмс се искачи на 13-тото место на вечната листа на кошаркари со најмногу украдени топки, сега има 1.984 и една повеќе од легенрадниот Ален Ајверсон.
Congrats to @KingJames of the @Lakers for moving up to 13th on the all-time STEALS list! #LakeShow pic.twitter.com/UStZZ1npBJ
— NBA (@NBA) January 8, 2020