Реал Мадрид лесно ја декласира Валенсија со 3:1 во првото полуфинале на шпанскиот Суперкуп, што за првпат се игра во формат со четири екипи и во Саудиска Арабија.
На стадионот „Кинг Абдула“ во Џеда прв блесна Тони Крос во 15-тата минута со голот директно од корнер. Германскиот репрезентативец итро ја искористи ноншалантната реакција на Доменек и погоди за 1:0. Голманот на Валенсија беше неподготвен за игра, се расправаше со одбранбените играчи на својот тим и беше директен виновник за водството на Реал Мадрид.
https://twitter.com/Dostoeyevsky/status/1214990628448276480?s=20
Валенсија одигра многу слабо прво полувреме, а хаосот во одбраната на популарните Лилјаци по вторпат ја искористи и Иско. По ударот на Модриќ, одбиената топка репрезентативецот на Шпанија ја смести во мрежата на Валенсија за 2:0 во 39-тата минута.
https://twitter.com/HDGoalsLive/status/1214995679577333761?s=20
Маките на Валенсија продолжија, а Лука Модриќ со мајсторски потез и гол во 65. минута ги разреши сите дилеми околу победникот.
https://twitter.com/ThoughtPillow/status/1215006409236123648?s=20
Валенсија постигна почесен гол во самиот финиш и тоа од пенал, а стрелец беше капитенот Парехо.
Реал Мадрид го чека во финалето победникот од дуелот меѓу Барселона и Атлетико Мадрид, што ќе се игра утре од 20 часот на истиот стадион.