Сѐ помали се шансите дека барем еден натпревар од најсилната шпанска фудбалска лига ќе се игра во САД оваа сезона, поточно во Мајами. Идејата на Ла Лига да се одигра барем еден меч преку „барата“ наиде на остри критики, а сега и на осуда од страна на ФИФА, а може да се нарече дека станува збор и за забрана.
„Потполно се противиме на на таа идеја и нема да дозволиме мечот Барселона – Џирона да се одигра во туѓа држава. ФИФА на последниот состанов дискутираше на таа тема, а од таму донесовме заклучок дека натпреварите од националните првенства треба да се играат само во матичните земји“, истакна претседателот на светската фудбалска куќа, Џани Инфантино.
Имено, идејата беше барем едно од двете „Ел класико“ средби за оваа сезона да се одиграат на тло на САД, но откако веднаш беше одбиено, се најде алтернатива да се одигра малото каталонско дерби меѓу Барса и Џирона, но по сите изгледи, и таа идеја ќе пропадне.