Вулверхемптон се согласи да го пушти Патрик Кутроне во Фиорентина. Италијанецот ќе игра за Виолетовите како позајмен играч во следните 18 месеци, а потоа ќе потпише перманентен договор. Севкупно, трансферот заедно со позајмицата ќе чини околу 20 милиони евра.
Кутроне беше летно засилување на Вулверхемптон од редовите на Милан, за кого беа исплатени 18 милиони евра, но напаѓачот не се снајде во Премиер лигата. Одигра само 12 меча главно влегувајќи од клупа, а ниту еднаш не одигра цел меч. Повеќе шанса добиваше во куп-натпреварувањата и во Лигата на Европа, а вкупно во 24 меча постигна само три гола.
На Фиорентина итно ѝ е потребен голгетер со оглед на тоа дека најдобриот стрелец, Иван Влаховиќ брои само три гола досега, па затоа и беа упорни во обидот да го вратат Кутроне во Серија А.