Селекторот Данило Брестовац уште пред мечот бил предупреден дека Украина може да игра со седум ракометари во нападот. Македонскиот стратег вели дека физиотерапевтот Димитар Маневски му дал интересна дојава пред почеток на мечот.
„Ме изненади што Украинците толку дого играа 7 на 6 во нападот. Интересно е што уште пред мечот добив дојава од нашиот физиотерапевт Диме дека Украинците се подготвуваат во нападот да играат 7 на 6. Тој случајно поминал покрај нивните играчи и ги слушнал како се договараат за таква тактика и веднаш ми соопшти. Му благодарам на Диме за одличната асистенција пред мечот“, откри селекторот Брестовац.