Азар во трка со времето: Сака да игра во мадридското дерби

Реал Мадрид засега не виде речиси ништо од големото летно засилување Еден Азар. Ексѕвездата на Челзи од ноември минатата година е вон погон и се рехабилитира од повреда на скочниот зглоб.

Познато е дека до крајот на јануари Белгиецот нема да се појави на терените, но самиот си постави цел да биде подготвен за мадридското дерби против Атлетико кое е закажано на 1 февруари во рамките од Ла Лига. Клубот пак, има сосема друг став околу неговата повреда и не сака да го форсираат нивниот нов „галактико“ сè додека целосно не закрепне.

Зидан преферира Азар да не брза барем до осминафиналето во Лигата на шампионите, поточно до првата пресметка против Манчестер сити.

Инаку, Реал и Атлетико вечерва (19 часот) ќе ги одмерат силите во финалето од шпанскиот Суперкуп.

- Оглас -

Најнови вести