Дефанзивецот на Ајакс Дејли Блинд, од декември минатата година е вон фудбалски обврски откако му беше дијагностицирано воспаление на срцевиот мускул. Ексфудбалерот на Манчестер јунајтед од тогаш прекина секакви активности и се фокусира на закрепнување, а планира да се врати на терените штом добие зелено светло од лекарите.
„Ќе играм фудбал, нека биде што сака. Чекам само резултати од тестовите за да можам да се вратам во тренажен процес и да си ја повратам формата. Но, мора да бидам трпелив, а телото само ќе ми каже дали можам или не можам да играм. Во мислите ми се следните предизвици на клубот, пред нас е Лигата на Европа, а би сакал да бидам подготвен и за Европското првенство“, истакна Блинд.
Ајакс како третопласиран од група Х во ЛШ се пресели во второто по квалитет европско натпреварување, а како прва пречка во нокаут фазата го доби тимот на Хетафе.