Португалецот Пауло Гонсалвес го загуби животот утринава во трка на Релито Дакар 2020 година, а иако веднаш реагираа медицинските лица, за жал не успеаја да му помогнат.
Нешто по 10 часот биле алармирани организаторите на трката дека нешто му се случило на 40-годишниот португалски мотоциклист, па веднаш бил испратен хеликоптер, но помош за Гонсалвес немало.
За него кобен беше 13. настап на најпознатото светско рели, а досега четирипати беше пласиран меѓу најдобрите 10 мотоциклисти во Генералниот пласман, а во 2015 година го постигна најголемиот успех со вицешампионската титула, зад победникот Марк Кома.