Неверојатен просек: Зидан со Реал освојува трофеи на секои 19 натпревари

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес, по освоениот Суперкуп на Шпанија, синоќа изјави дека тренерот Зинедин Зидан е благослов од рајот. Перес веројатно е во право затоа што Французинот како тренер на Реал има освоено дури десет трофеи, а екипата ја водел на 187 меча. Овој просек од една титула на секои 19 меча е светски рекорд.

Покрај тоа, Зидан како тренер на Реал има 9 финалиња и ги доби сите девет. Трипати славеше во Лигата на шампионите, и тоа трипати по ред, што не му успеало на ниту еден друг. По двапати ги освои Светското клупско, европскиот Суперкуп и шпанскиот Суперкуп.

Ниту неиграњето на Бензема, Азар и Бејл не го спречи Реал на Зидан да се закити со нов трофеј. Зидан со 10 трофеи е на второто место на вечната клупска листа. Повеќе пехари со Реал има освоено само легендарниот Мигел Муњос, вкупно 14.

- Оглас -

Најнови вести