Формула 1 ќе тестира нови правила на видеоигра

Формула 1 најави промени за сезоната 2021, и тоа доста драстични со кои може да се смени изгледот на самото натпреварување. За да се тестираат новите правила, Ф1 ќе се потрпе на професионалните гејмери, токму нивното мислење ќе биде земено предвид во кој правец ќе се менуваат најбрзите трки на светот.

Возачите на Е-шампионатот во Формула 1 во улога на тестери ќе бидат на испомош низ симулативната видеоигра „Формула уан“, којашто е производство на гејминг-компанијата „Убисофт“.

„Единствен начин да ги тестираме промените, односно новите правила е преку симулација, па затоа мора да се потпреме на човечкиот фактор. Наша цел е да ги направиме трките повозбудливи, а исто така целиме кон тоа да ги сведеме сообраќајните несреќи на минимум. Токму затоа една од промените што сакаме да ја направиме е во стартните позиции. Моментално растојанието е осум метри и размислуваме дали е тоа добро. Со промените ќе видиме дали ќе добиеме повозбудливи почетоци на трките или пак ќе се прават судари двојно повеќе од сега. Како и да е, гејмерите ќе тестираат и ќе го приложат своето мислење“, истакна техничкиот шеф на Ф1, Пет Сајмондс.

Наводите се дека најверојатно на стартните позиции ќе бидат наредени по три болиди во линија, наместо по два како што сме навикнати.

- Оглас -

Најнови вести