Вчерашното дерби на „Олимпико“ меѓу Рома и Јувентус ќе се памети по две тешки повреди. Едната е на младиот Николо Ѕаниоло, за кого сезоната заврши откако ги оштети вкрстените лигаменти на коленото, а со идентична повреда се збоди и дефанзивецот на Јувентус, Мерих Демирал.
Демирал вчера прво испиша историја, стана првиот турски фудбалер кој постигнал гол за Старата дама во Серија А, а само по петнаесетина минути од погодокот, тој мораше да го напушти теренот откако настрада и неговото колено. Од таборот на Јувентус соопштија дека во следните неколку дена ќе оди на операција, што значи дека нема да се врати на терените до крајот на сезоната.
Демирал, исто како Ѕаниоло, ќе го пропушти претстојното Европско првенство, а повредата доаѓа во најлош можен момент. Турчинот во изминативе неколку натпревари добива шанса во стартните 11 пред Матајс де Лихт и сосема заслужено е во комбинација со Бонучи.