Асмир Беговиќ ќе му биде резерва на Џанлуиџи Донарума откако денеска пристигна на позјмица во Милан од редовите на англискиот премиерлигаш Борнмут, а интересниот ден за трансфери на голманите го комплетира и Пепе Реина.
Искусниот голман ќе брани за Астон вила, а и тој пристигна во новиот клуб како позајмен голман од Милан.
Росонерите денеска беа мошне активни на трансфер-пазарот и покрај заминувањето на 37-годишниот Реина и ангажманот на Беговиќ, имаат уште едно засилување.
На „Сан Сиро“ пристигна данскиот репрезентативец Симон Кјер и повторно се реализира трансфер како позајмица. Кјер досега беше член на Севилја.