Лошиот почеток на мечот со негатива од 0:11 го чинеше скапо Фенербахче, а Барселона отплови од Босфорот со бодови и победа од 80:74.
Каталонците водеа и со максимални 18 поени разлика, 30:12, но си дозолвија лускуз противникот да намали на 62:63 во последната четвртина. Сепак гостите одиграа посмирено во финишот, победија со шест поени разлика и ја сопреа серијата од три порази во Евролигата.
Со 17 поени до значаен триумф во Истанбул ги предводеше шпанскиот репрезентативец Виктор Клавер, а солиден меч одиграа и Миротиќ, Хигинс и Дејвис, сите со по 12 поени.
REJECTED by @NikolaMirotic33 ❌#7DAYSMagicMoment pic.twitter.com/7nw7a09FYm
— Turkish Airlines EuroLeague (@EuroLeague) January 16, 2020
Фенербахче ја прекина понбедничката серија од три меча и сега повторно е надвор од зоната Топ-8 што води во доигрувањето за титулата во Евролигата.
Најефикасен во домашниот тим беше Костас Слукас со 14 поени и имаше и 11 асистенции, но остана без добра поддршка од соиграчите, па поразот од Барса беше неминовен.