Мекгрегор: Следен противник? Сеедно, секоја будала која сака да се тепа со мене

Конор Мекгрегор се врати во УФЦ борбите на голема врата. Само 40 секунди му беа потребни да го нокаутира Американецот Доналд Сероне и да ја оствари првата победа по враќањето во октагонот од октомври 2018 година.

По борбата, Мегрегор потсети зошто го нарекуваат Озлогласен и зошто е еден од најконтроверзните борци во УФЦ светот.

„Ми се допаѓа велтер категоријата и сакам кога менувам дивизии. Се чувствувам одлично и мило ми е што излегов од борбата недопрен. Моето име уште еднаш ќе се запише во историјата на овој спорт. За следен противник не размислувам многу, ќе се борам со секоја будала која мисли дека може да влезе со мене во октагонот“, истакна Мекгрегор.

Триумфот против Каубоецот му беше 22-ри на Мекгрегор во кариерата, инаку е поранешен шампион во лесна и полулесна категорија.

- Оглас -

Најнови вести