Во ноќта меѓу недела и понеделник стартуваат возбудувањата на првиот овосезонски Гренд слем, Отвореното првенство на Австралија. Во машка конкуренција титулата ја брани Новак Ѓоковиќ, а на неговиот противник во првото коло Жан Ленард Штруф не му е сеедно откако дозна дека токму со српскиот тениер ќе ги одмери силите на стартот на големиот турнир.
„Ох, Господе, зошто токму тој? Ѓоковиќ е еден од фаворитите за освојување на Гренд слемот, тој е противник против кого не сакате да играте во првото коло. Мојата цел беше да стигнам што подалеку на овој турнир, а сега мора да играм против бранителот. Но, секако дека нема пред време да се откажам, ќе го дадам својот максимум и ќе одговорам на тешкиот предизвик. Мотив ќе ми биде тоа што ќе играме на главниот терен во Мелбурн“, истакна Штруф.
Инаку Германецот досега двапати се соочи со Ѓоковиќ и загуби во двата наврати во Доха и на Ролан Гарос во Париз.