Доколку Челзи вечерва го победи Арсенал, ќе стане третиот клуб во историјата на Премиер лигата кој во пет сезони успеал двапати да го совлада Арсенал. Во првиот дел од сезонава, и тоа не толку одамна, на 29 декември, Сините како гости славеа против Топчиите со 2-1 и сега имаат прилика да им се приклучат на Ливерпул и Манчестер јунајтед како единствени кои знаат како е двапати во иста сезона да се порази Арсенал и тоа да биде направено во пет наврати.
Челзи и Арсенал сезонава играат со подмладени тимови, само Норвич им давал поголема минутажа на фудбалери на 21 година и помлади.
Отсуствата на Обамејанг и Колашинац се проблем за Арсенал, но и Челзи нема да биде комплетен, ќе го нема Пулишиќ. Откако на клупата седна Артета, Арсенал игра неефикасни мечеви.