Јувентус ѝ направи реприза на Рома за пат во полуфиналето на Купот

Јувентус си направи реприза против Рома и по победата во првенството на Италија со 2:1 пред 10 дена, вечерва славеше со 3:1 во четврт-финалето на Купот.

Домаќините многу лесно ги разрешија сите дилеми уште по првото полувреме, кога поведоа со 3:0 со головите на Роналдо, Бентанкур и Бонучи.

Рома одигра малку подобро во продолжението од мечот, постигна почесен гол, но полуфиналето беше далеку за Римската волчица.

Јувентус го чека противникот во полуфиналето, а за ривалот ќе одлучува мечот меѓу Милан и Торино. Противник чека и Наполи, а ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Фиорентина и Интер.

- Оглас -

Најнови вести