Слоан Стивенс ја совлада Каролина Плишкова со 2-1 во сетови во второто полуфинале на ВТА финалињата во Сингапур. Американката се избори за меч против Елина Свитолина во борба за пехарот, откако против Плишкова мораше да прави пресврт по катастрофалното издание во првиот сет, кој Стефанс го загуби со 6-0.
Американската тенисерска со три брејка го освои наредниот сет со 6-4 и израмни на 1-1, додека во одлучувачкиот, за нешто повеќе од половина час, Стивенс го загуби само првиот гем при нејзин сервис, за потоа да ги освои наредните шест, и да слави пласман во финалето.
Финалната пресметка меѓу Свитолина и Стивенс ќе се одигра утре, во 12:30 часот.