Ливерпул и без Мане покажа дека е тим без многу мани

Ливерпул прими гол, се случи и тоа чудо, но недоволно за да не освои три бода. Лидерот на Премиер лигата веројатно дојде до трите најтешки бодови сезонава и со 2-1 славеше на гостувањето кај Вулверхемптон. Роберто Фирмино погоди за победа во 84-тата минута и покажа дека Црвените и кога делуваат немоќно како вечерва во второто полувреме, знаат да го најдат патот до победата.

Проблем за Ливерпул може да биде ако Садио Мане, кој рано излезе од игра, има здравствен проблем кој ќе го оддалечи од терените извесен период. На местото на Мане влезе Такуми Минамино, кој е првиот Јапонец што заиграл премиерлигашки меч за Ливерпул.

Ливерпул има серија од 40 меча по ред без пораз, но по 12 часа игра, конечно прими гол. Од 4 декември (50 дена и 725 минути) нема примено гол. Сега има 16 бода плус во однос на Манчестер сити и меч помалку.

Вулфс е тим кој дури 17 пати сезонава прв прима гол и тоа е негов проблем бидејќи редовно брка негатива. Овој клуб првпат играше во четврток, а Ливерпул имаше лош учинок во четвртоците, но тоа се смени сезонава.

 

- Оглас -

Најнови вести