Италијанката Елена Куртони е изненадувачка победничка на спуст трката во бугарскиот ски-центар Банско. Таа иако има 28 години и имаше висок стартен број 28, дојде до првата победа во кариерата и денешниот 25-ти јануари 2020 ќе го памети засекогаш.
Да биде радоста на Италијанците уште поголема, се погрижија и Марта Басино која го освои второто место со 10 стотинки послабо време од победничката, и Федерика Брињоне која се пласираше на третото место со 14 стотинки заостанување. Тројна италијанска присутност на подиумит во Светскиот куп имало само упте преклани на спуст во Бад Клајнкирхајм. Четврто време по вредност имаше вчерашната победничка, Микаела Шифрин, која е водечка во генералниот пласман со 270 бода плус во однос на Брињоне.
Утре во Банско, жените ќе возат супервелеслалом.