Марк Андре тер Штеген е херојот на Барселона по првото полувреме на гостувањето кај Валенсија. Германскиот репрезентативен голман имаше неколку одлични одбрани, а најзначајна е одбраната од пенал во 12 минута.
Макси Гомес реши да го изведе пеналот за Валенсија, но Тер Штеген процени каде ќе шутира и го одбрани неговиот удар. Покрај пеналот, чуварот на мрежата на Барселона имаше уште четири сјајни интервенции.
Одбранетиот пенал на Тер Штеген беше прв удар од белата точка што успеал да обрани еден голман на Барселона во Примера девисион. Последен пат, Клаудио Браво во април 2015 година беше голманот кој имаше одбрането пенал за каталонскиот гигант во првенството, а што е интересно и тоа се случи на дуел против Валенсија. Во таа 2015 година, Барселона победи со 2:0.
VAL 0-0 FCB (14’) – Ter Stegen ha parado su primer penalti en La Liga y pone fin a una racha de ocho penas máximas convertidas en contra del Barcelona en el campeonato español. El último portero azulgrana que detuvo un penalti en La Liga fue Claudio Bravo contra el Valencia.
— MisterChip (Alexis) (@2010MisterChip) January 25, 2020