Валенсија прекина една лоша серија која траеше повеќе од една деценија против Барселона. Домаќините на „Месталја“ се израдуваа на победа против каталонскиот гигант за прв пат по пауза од 12 години. Валенсија победи со 2:0, резултат на кој сигурно се радуваат и сите навивачи на Реал Мадрид, кој сега има шанса да избие на чело на табелата во Примера дивисион.
Валенсија во март 2008 година последен пат ја победи Барселона на „Месталја“ со 3:2 во меч од Купот на Шпанија. Победа со два разлика Валенсија нема извојувано од февруари 2002 година.
Дека домаќините се решени да ја прекинат лошата серија против фаворитот се виде уште од самиот старт. Во 12 минута Макси Гомес имаше шанса за погодок, но промаши пенал, односно неговиот удар го одбрани голманот на Барселона, Марк Андре тер Штеген.
Тоа што не успеа Валенсија во првиот дел, го поправи во второто полувреме, а повторно во главна улога беше Гомес. По еден негов шут, топката го удри Жорди Алба и заврши во мрежата. Погодокот беше пишан како автогол на Алба. На крајот и Гомес се запиша во листата на стрелци, откако одлично пласираше во 77 минута за 2:0 и потврда на победата на Валенсија.