Кришчито промаши пенал за продолжување на традицијата во Фиренца

Доменико Кричито промаши удар од белата точка во 15. минута, а балансот во меѓусебните дуели на Фиорентина и Џенова кога играат во Фиренца остана во знакот на реми дуелите.

Горан Пандев играше цел час за гостите, а мечот заврши без голови, по третпат со истиот исход на последните четири гостувања во Фиренца.

Најубавата шанса ја имаше поранешниот репрезентативец на Италија, Кришчито, кој не успеа од белата точка да го совлада Драговски во 15. минута.

Џенова успеа да ја прекине мини-серијата од два порази и освои еден бод, иако можеше со цел плен да си замине од Фиренца.

Фиорентина сега има 25 бода на 12. место, а Џенова со десет бодови помалку е на претпоследното место.

- Оглас -

Најнови вести