Фенербахче го доби дербито на турското првенство против Басакшехир со 2:0, а во финишот на мечот вистински потег направија домашните навивачи на „Улкер“ стадионот во Истанбул.
Фрлаа на теренот шалови и капи како чин на помош за настраданите во земјотресот што го погоди Елазиг. Вакви акции имало имало и претходно во различни лиги, а целта е да им се помогне на различни категории на луѓе.
https://twitter.com/golaloo98/status/1221145039289692161?s=20
Овојпат целта е со продажба на шаловите и капите да се обезбедат средства за помош на регионот во Турција што страдаше од силен земјотрес.
Симпатизерите на Фенербахче имаа и причина за радост по успехот на нивниот тим, кој победи со головите на Крусе и на Муричи и го прескокна градскиот ривал Басакшехир на второто место на табелата со 37 бодови. Пред нив е само лидерот Сиваспор со 40 бода, но и меч помалку.
Басакшехир сега е трет со 36 бодови, но може да падне и една позиција подолу, ако Трабзонспор задутре ја победи Јени Малатијаспор на гостински терен.