Поденсе ни ја тресеше мрежата во Полска, сега ќе го урне рекордот на Олимпијакос со трансфер во Англија (Видео)

Даниел Поденсе треба да ги мине само лекарските прегледи и да потпише договор со Вулверхемптон за 23 милиони евра и плус бонуси во вредност од околу пет милиони евра.

Ако се реализра трансферот што веќе е договорен, тоа ќе биде рекорд во клупската историја на грчки Олимпјакос.

Поденсе има 24 години и беше член на младинската репрезентација на Португалија на Европското првенство во Полска пред три години, што беше историско за нас.

Тогаш во меч од првата фаза по групи Португалија славеше со 4:2 против Македонија, а Даниел го постигна третиот гол за својата репрезентација.

Потврда за трансферот е што Поденсе воопшто не е вклучен во составот на Олимпијакос за денешното градско дерби со АЕК што ќесе игра од 18.30 часот.

 

- Оглас -

Најнови вести