Иван Димитровски е нов член на ракометниот клуб Пелистер, а трансферот е интересен, бидејќи 20-годишното крило, се враќа во Битола од редовите на скопски Вардар јуниор.
Левото крило е од позната ракометна лоза, неговиот татко Златко Димитровски е познат поранешен ракометар, сега во улога на спортски директор на РК Пелистер, а дедо му е Пеце Димитровски, бардот на битолскиот ракомет.
Иван има настап и за сениорскиот состав на Вардар во натпревар од СЕХА лигата.