Јирген Клоп пред две недели им ветил на стартерите дека ќе има даде седум слободни денови, па не сака да си го погази зборот и тие нема да настапат на вториот дуел од ФА купот против Шрусбери, туку шанса ќе им даде на резервите и младинците.
Ливерпул со комбиниран состав одигра само 2-2 со третолигашот, иако Црвените водеа со 2-0. Сега мора да се игра и втор меч во првата недела на февруари. Во Премиер лигата ќе има малку мечеви од 2 до 16 февруари, секој тим ќе има барем 10 дена одмор без официјален меч, тоа е нивната зимска пауза бидејќи за Божиќ и Нова година играа без пауза.
„Ќе ја почитуваме зимската пауза. На играчите им треба одмор и физички и психички. Овие момци имаат и семејства“, рече Клоп, кој нема да биде на клупата.