Реал Мадрид го забранил трансферот на Дани Себалјос во Валенсија и не сака да го засили конкурентот од Ла Лига, кој заедно со Кралскиот клуб игра и во Лигата на шампионите.
„Марка“ објави дека играчот на Арсенал сакал да се пресели на „Месталја“, но Реал, чиј играч сè уште е големиот талент на шпанскиот фудбал, не дал зелено светло.
Себалјос лани во јули пристигна во Арсенал на позајмица, но не го потврди докрај квалитетот што го прикажуваше во Бетис и делумно и како играч на Реал.
Дани сака да игра за Валенсија, каде што тренер би му бил поранешниот селектор на младинската репрезентација на Шпанија, Алберт Селадес, со кого соработуваа на младинското Европско првенство во Полска 2017 година.
Тогаш Шпанија го освои сребрениот медал откако во фазата по групи ја победи Македонија со 5:0, а Себалјос беше прогласен за МВП на турнирот.