Опасна стратегија: Барса го сака Бруно, но за да го искористи за друг трансфер

Бруно Фернандеш, капитенот на Спортинг Лисабон, речиси цел преоден рок чека на трансфер на „Олд Трафорд“. Манчестер јунајтед никако да ги заврши преговорите со Спортинг, иако доставија солидна понуда од 55 милиони фунти, а сега Ѓаволите се на прагот да останат без квалитетното засилување поради Барселона.

Имено, Каталонците сакаат да го ангажираат португалскиот репрезентативец и веднаш да го испратат на позајмица во Валенсија со цел Барса да го добие потписот на Родриго Морено. На Сетјен итно му е потребен голгетер бидејќи сезоната заврши за повредениот Суарес, а напаѓачот на Лилјаците се чини како одлично решение.

И Валенсија се согласува на ваква соработка, со тоа што би го добила Бруно на позајмица во следните 18 месеци, поточно до крајот на следната сезона. Но, прво Барса треба да ја заврши таа работа, за да го обезбеди потписот на Родриго.

- Оглас -

Најнови вести