Поранешниот хрватски тенисер Горан Иванишевиќ е нов член на тениската Куќа на славните. На шампионот на Вимблдон од 2001 година, кој од пред неколку месеци e тренер на Новак Ѓоковиќ, му се придружува Кончита Мартинес, некогашната втора најдобра тенисерка во светот.
Иванишевиќ е првиот Хрват кој ја добива честа да влезе во одбраното друштво на легендарни тенисери како Борг, Бекер, Агаси и многу други.
„Ова е огромна чест за мене. Горд сум што ќе бидам првиот тенисер од Хрватска кој влегува во Куќата на славните. Благодарен сум на одборот што ме избра, како и на навивачите кои гласаа за мене и кои ме поддржуваа во текот на целата кариера“, истакна Иванишевиќ.
https://twitter.com/ITF_Tennis/status/1222245458636132352