Најскапиот од класата 2019 нема да игра во мадридското дерби

Жоао Феликс, најскапиот фудбалер во 2019 година, веројатно ќе го пропушти мадридското дерби на „Сантијаго Бернабеу“ меѓу Реал и неговиот Атлетико поради повреда.

Феликс, кој пристигна лани летото од Бенфика во Атлетико за сума од 126 милиони евра, и покрај повредата на бутниот мускул на десната нога, го одигра натпреварот со Леганес во неделата, но потоа ситуацијата се влоши.

Повредата не е премногу сериозна, но бара и мирување, па мали се шансите на еден од најталентираните играчи во Европа да го игра мадридското дерби.

Феликс настапи на мечот од првиот дел од сезоната, а големите ривали од главниот шпански град ремизираа без голови на „Ванда Метрополитано“.

Сега на „Сантијаго Бернабеу“ во сабота од 16 часот речиси сигурно ќе се игра без Феликс на теренот.

- Оглас -

Најнови вести